2021-01-12
Помагатели на ранливи целни групи на корисници
Социјалниот сервис „Помагатели на ранливи целни групи на корисници“ при Црвен крст на град Скопје со поддршка од Град Скопје, на почетокот од новата, ги сумира постигнатите резултати за 2020 година. Година исполнета со 75 задоволни корисници од испорачаната услуга од страна на помагателите и волонтерите.
Помошта и поддршката што ја добиваат низ целата година им помогна во унапредување на квалитетот на животот, притоа постигнувајќи поголема независност и самостојност кај лицата со попреченост.