ПОМАГАТЕЛИ НА РАНЛИВИ ЦЕЛНИ ГРУПИ НА КОРИСНИЦИ
Во рамки на социјалниот сервис „Помагатели на ранливи целни групи на корисници“ на ден 13.01.2020 година беше реализирана обука за 12 нови помагатели. На обуката кандидатите имаа можност да се стекнат со нови знаења и искуства во делот на правилно постапување кон лицата со оштетен вид и начини и техники за правилен пристап и работа со лицата со телесна попреченост. Во следната фаза тимот ќе пристапи кон поврзување на корисниците со новите помагатели.
Црвениот крст на град Скопје со имплементација на овој социјален сервис започна во месец Јуни 2019 година, со поддршка од Градот Скопје, и во тој период беа опфатени 49 корисници кои беа опслужени од страна на 13 помагатели и 10 волонтери.
Со проширувањето на овој социјален сервис покрај опслужените 49 корисници, Црвениот крст ќе ги ангажира ново обучените 12 помагатели кои на терен ќе опслужуваат максимум 24 корисници. Социјалниот сервис има за цел да го унапреди квалитетот на живот на лицата со попреченост постигнувајки поголема самостојност и независност.