Пребарувај по датум:
2021-07-29

Помагатели на ранлива целна група на корисници

Во рамките на социјалниот сервис ,,Помагатели на ранлива целна група на корисници’’ при Црвен крст на град Скопје кој врши помош и поддршка во домашни услуви, во периодот од јануари до јуни 2021 година реализирани се:

👉🏻 19.746 часа на асистенција, помош и поддршка на лица со попреченост;
👉🏻 1.585 часа на волонтирање за дополнителна поддршка и подобрување на сервисот;
👉🏻 11 нови проценки од страна на координатор, социјален работник и одговорно лице;
👉🏻 Услугата на овој сервис ја користат 76 лица со попреченост;
👉🏻Вклучени се 36 помагатели и 10 волонтери во реализација на активностите;

Проектот функционира во соработа и со поддршка со град Скопје.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.