Пребарувај по датум:
2017-08-10

Показна вежба во сорабтока со МВР – Гранична полиција

Показна вежба во сорабтока со МВР – Гранична полиција

Црвениот крст на град Скопје во соработка со МВР –Гранчена полиција, на ден 25.07.2017  спроведоа заедничка показна вежба  Укажување Прва помош на повреден македонски граѓанин во меѓуграничен простор.

Целта на вежбата е увежбување на интерните стандардни процедури на двете институции и дејствување на истите  при реална ситуација.

Вежбата ке се одвиваше  на меѓуграничен простор ГП Табановце со почеток  од 11:00.

По завршување на симулационата вежба  волонтерите на ЦК заедно со униформираните полицајци делеа вода и флаери на граѓаните на влез на државата.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.