Пребарувај по датум:
2018-06-23

Показна вежба ” Патот на Мигрантот”

Во рамките на Регионалната школа за безбедност “Идентитет, миграција и нова безбедносна агенда на Европската Унија” што се одржува во Охрид, во организација на Факултетот за безбедност и Фондацијата “Конрад Аденауер” во Орид на 06.06.2018 се оддржа показна симулациона вежба во организација на Црвениот крст на Македонија 
Целта на симулационата вежба е да им се пренесе целата постапка од прифат, регистрација и сместување на мигранти во Транзитниот центар како и работата на медицинско логистичките тимови на Црвениот крст за време на криза.

На вежбата зедоа учество 45 волонтери и дел од стручна служба на Црвениот крст на град Скопје и ООЦК Охрид, кои подигна импровизиран транзитен центар и поделени во тимови (мигранти, тимови за прва помош, тимови логистика, РФЛ) на присутните ја отсликаа состојбата и улогата на Црвениот крст за време на криза но и патот кој го поминуваат мигрантите. Вежбата беше поддржана и со екипа на МВР.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.