2020-07-16
Подршка во регионот
Група 484 и Норвешката Амбасада од Белград во периодот јули-септември 2020 година, ќе го поддржат Црвен крст на град Скопје за спроведување на активности за поддршка на ирегуларните мигранти и мигранти за време на пандемија. Преку програмата, ќе биде опфатен кумановскиот регион со селата Лојане, Ваксинце, Липково како и транзитен центар Табановце. Како дел од планираните активности, за целната група ќе се дистрибуираат хигиенски сетови, храна и истите ќе ја добијат и медицинска поддршка која им е потребна.
Заедно можеме повеќе.