Пребарувај по датум:
2018-05-05

Подготвителна работилница за ПХВ инструктори

Од 27 до 29 април се оддржа дводневна подготвителна работилница за инструктори во рамките на ПХВ програмата. Целта на истата беше евалуирање на 150 мали проекти кои беа поднесени во ПХВ канцеларијата на 20 април од страна на младинците и нивните дисеминатори. Инструктори поделени во тимови по двајца ги читаа и ги евалуираа проектите според однапред дадени критериуми. Целата работилница помина многу инспиративно заради читањето на малите проекти и заради сваќањето, повторно какви добри и големи дела праваат младинците на возраст од 13 до 17 години кога се ставаат во формат кој добро функционира. Тимот се подготви и за финална работилница каде 60 младинци и десетина дисеминатори ќе имаат можност да добијаат продлабочени занаења за тимската работа, културата како систем од вредности и Црвениот крст.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.