Пребарувај по датум:
2015-06-03

Подготвителна работилница за ЦКА-ПХВ инструктори

Во периодот 30-31.05 во Струга се оддржа подготвителна работилница за ЦКА-ПХВ инструктори.

Целта на истата беше прегледување и оценување на проектите кои беа реализирани на терен од страна на 1200 младинци под капата на 45 дисеминатори.  Оваа година изработени се вкупно 192 проекти на територија на целата држава.

На работилницата присуствуваа и неколку дисеминатори кои имаа можност да го видат процесот на прегледување на проекти и оценување на истите. Оваа година беше направен софтвер во кој сите проекти претходно беа документирани. ПХВ тимот неколку дена пред започнување на работилницата доби одреден број  на проекти  кои требаше да ги оценат, а потоа по системот на ротација да ги прегледат , да се усогласаат и да ги оценат проектите од својот партнер. Сите проекти кои беа спорни, или кои беа наградени со сонце беа презентирани и се диксутираше за истите пленарно.

На работилницата беа разгледувани и можностите и потенцијалот на програмата за во иднина. Истата  ќе биде повеќе насочена кон промоција на културата, креирање на интеркултурен канал и ќе поттикнува интеракција помеѓу младите од различни етнички заедници.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.