Пребарувај по датум:
2020-01-22

Подготвителна работилница за ЦКА-ПХВ инструктори

На 11 јануари беше организирана подготвителна работилница за ЦКА-ПХВ инструктори за почетоко на ЦКА-ПХВ циклусот за 2020 година. Целта на истата беше повторување на моделот за делот-како се изработуваат малите проекти како и унифицирање на моделот. Се подготви и временска рамка и се направи поделба на тимови, кој каде и кога ќе ги држи обуките низ земјата. Ваквите средби секогаш се користат и за поттикнување на тимскиот дух и се зголемува чувството на припадност кај волонтерите во организацијата. На подготвителна работилница присуствуваа 30 инструктори кои оваа година активно ќе се вклучат во програмата.

Ова година 1.170 младинци на возраст од 13 до 17 години ќе ја поминат обуката во своите ООЦК и ќе имаат можност да изработуваат мали проекти за добробит на заедница.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.