Подготовки за прегледување на ПХВ малите проекти
На 02 јуни се одржа онлајн работилница за ПХВ инструкторите. Целта на истата е унифицирање на критериумите за прегледување на малите ПХВ проекти изработени во 2025 година кои се познати на дисеминаторите како и младинците заради поголема транспарентност на целиот процес. Инструкторите ќе работат во помали тимови и секој тим има одреден број на проекти кои ги прегледуваат по принциопот на ротирање што озвоможува неутрално и непристрасно прегледување на еден проект од страна на две лица. Секогаш е оставен простор за пленарно презентирање и усогласување на оценката.
Резултатите ќе бидат соопштени по завршување на подготвителната работилница која ќе се одржи од 20 до 22 јуни.
Најважниот дел од изработка на ПХВ проектите е себе промена, учење за своите капацитети, за својата и културата на другите како и поместување на личните граници. И овој пат очекуваме околку 170 мали проекти кои помогнале на повеќе од 3.000 лица во заедницата.