Пребарувај по датум:
2021-08-24

Подготовки за ПХВ недела

Започнувајќи од 2012 година, согласно традиционалниот календар на Црвениот крст, во месец септември се одбележува ПХВ неделата. Подготовките обично траат еден месец и секогаш активноста е унифицирана, иновативна и бара креативност од страна на младите. Оваа година, како и минатата, заради пандемијата ќе се користат онлајн можностите за договори помеѓу групите кои ќе бидат формирани во секоја ООЦК.

Младите ќе имаат можност заеднички да творат, да направат трајно наследство за својот Клуб и за својата Општинска организација на Црвен крст, а со тоа и на целото Национално друштво. Тие ќе ја искористат својата креативност и својот потенцијал за создавање на игра/и за волонтери во својата средина и пошироко.

Играта може да биде board game (да се игра на маса, физички) или да биде електронска. Таа ќе биде поврзана со дисеминација за Црвениот крст, со тимската работа, со промоција на хумани вредности, со промоција на добрите дела во заедницата, со промоција на добри и хумани примери.

Ова за младинците ќе биде едно ново ангажирање, анимирање и отргнување на мислите од секојдневието кое сега е доста поразлично.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.