2020-10-06
Поддршка за Скопски маратон
И оваа година поддршка за Скопски маратон реку обезбедување на настанот со екипи за укажување на прва помош. Повеќе од 30 волонтери, професионалци, лекари и парамедици беа на своите позиции и пружаа помош каде беше потребно. 70 волонтeри од Клубот на млади на Црвен крст на град Скопје, Црвен крст на РСМ ОО Кисела Вода, Црвен крст на РСМ ОО Центар, волонтираа со цел подобра и поуспешна организација на овој препознатлив настан.
Голема благодарност за волонтерите и професионалците од Црвен крст на град Скопје за професионалност за време на обезбедувањето на настанот. Честитки и за екипите на Брзата помош на град Скопје и благодарност за добрата соработка.