Пребарувај по датум:
2017-01-18

Поддршка за бездомните лица

Поддршка за бездомните лица

Пунктот за бездомници на Црвен крст на град Скопје лоциран во Момин Поток функционира од 2008 година со поддршка на градот Скопје. За време на студениот бран пунктот станува прифатилиште кое нуди 24 часовно згрижување на лицата кои имаат потреба од згрижување.
Моментално 16 лица престојуваат во прифатилиштето и ги користаат услугите кои ги нуди Црвен крст на град Скопје.
Граѓаните може да се јават на 02/3139 578 или 071/733-171 доколку во своја околина забележат бездомно лице и по нивна дојава, мобилниот тим на град Скопје ќе го превземе и ќе го смести во прифатилиштето каде ќе може да се избања, добие топла облека, добие храна, медикаменти, преглед од лекар и поддршка од социјален работник.

 

 

 

{gallery}stories/pocetna-img/bezdomnici{/gallery}

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.