Поддршка за бездомните лица
Корисниците на Пунктот за бездомници реализираа дводневна екскурзија исполнета со дружење, прошетки и запознавање со природните убавини и културното наследство на западниот дел од нашата држава.
Во рамки на екскурзијата, тие го посетија манастирот „Св. Јован Бигорски“, како и манастирот „Св. Ѓорѓи Победоносец“ во Рајчица. Уживаа во убавините на Вевчани, прошетката до Вевчанските извори и водопади, а доживувањето го заокружија со прошетка низ Струга – градската чаршија, кејот на реката Црн Дрим и брегот на Охридското Езеро.
Оваа активност претставува значаен дел од поддршката што ја обезбедуваме за корисниците на Пунктот, создавајќи можности за социјализација, активно учество во заедницата и нови искуства.
Активноста се реализираше во рамки на проектот SHAPE, поддржан од Австриското Федерално Министерство за труд, социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачите и Австрискиот Црвен крст


