2021-08-16
Поддршка во осум поликлиники во Скопје
Покрај веќе постоечките поликлиники Букурешт, Јане Сандански, Чаир и Шуто Оризари, Црвен крст на град Скопје продолжува со континуирана поддршка на Министерство за здравство во процесот на вакцинација/ревакцинација и на новите пунктови.
Од минатата недела волонтерите се ангажирани и во поликлиниките Бит Пaзар, Ченто, Ѓорче Петров и Драчево.
Вкупно 34 младинци, во две смени, даваат административна и логистичка поддршка но и помагаат на граѓаните, на лица со попреченост, стари и немоќни како и на малолетни лица пријавени за доброволна вакцинација, за непречено одвивање на целиот процес.