2021-12-30
Поддршка во континуитет
Како наш долгогодишен партнер и соработник, Специјалната болница “Жан Митрев” се вклучува во различни активности кои ги реализираме во текот на целата година во насока на ублажување на состојбите, но често пати и во промоција на здравјето и превенција. Овој пат поддршка имаме од нив и за Нова година, а нивната донација од 300 пакетчиња ги израдуваа децата од рурални средини, социјално загрозени семејства, лица со попреченост, деца во движење кои транзитираат низ нашата земја како и децата од Авганистан кои се со привремен престој во нашата земја.
Среќата се зголемува само кога се дели!