Пребарувај по датум:
2020-04-15

Поддршка од УСАИД и УНИЦЕФ

Со поддршка од УСАИД и УНИЦЕФ, преку Црвен крст на град Скопје и дел од Општинските организации на Црвен крст низ РСМ, во наредните денови ќе се дистрибуираат 1000 пакети со хигиенски производи за ранливи категории семејствата од Шуто Оризари, 500 пакети за семејствата од населбата Тризла, Прилеп, 500 пакети за семејствата од Бајро, Битола, 250 пакети за семејствата од населбата Керамидница, Гостивар и 100 пакети за семејствата од населбата Црник, Делчево. Подршка во лоцирање на корисниците даде и Министерството за труд и социјална политика на РСМ, преку регионалните центри за социјална работа.  Во рамки на донацијата, доставени се и поголеми количини средства за дезинфекција, заштитни ракавици, маски, дезинфициенси за површини и до институции кои згрижуваат деца и млади, лица со посебни потреби и ранливи корисници.

Во знак на поддршка ,премиерот на РСМ г. Оливер Спасовски, амбасадорката на САД во Северна Македонија, г-ѓа Кејт Мари Брнз и претставничката на УНИЦЕФ, г-ѓа Патриција ди Џовани, го посетија магацинот за дистрибуција на Црвениот крст за да им изразат благодарност на сите професионалци кои неуморно работат на запирање на ширењето на болеста предизвикана од новиот корона вирус (КОВИД-19).

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.