Пребарувај по датум:
2020-03-20

Поддршка од мобилните тимови

Црвен крст на град Скопје заедно со 5-те Општински организации на Црвен крст кои дејствуваат на територија на главниот град, започна со сервисна услуга за набавка на храна, хигиена и лекови за старите и изнемоштените лица, лица со посебни потреби, самохраните ротители или лица кои не можаат да излезаат од дома.

Во текот на денешниот ден во ООЦК беа примини вкупно 118 повици од страна на граѓани, се реализираа 31 теренска посета за 37 корисници. Се даде дополнителна поддршка за 16 бездомни лица на терен и се реализираа 14 повици на нашите СОС линии.

Активноста е поддржана од страна на Пивара Скопје / Pivara SkopjeГрад Скопје и општините во Скопје.

Црвен крст дава поддршка во намалување на ризикот на проширување или заразување со Ковид-19.

#Covid19
#СедиСиДома
#ОстаниДома

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.