2020-04-24
Поддршка од Француска амбасада
Нашите долгогодишни соработници од Француска амбасада продолжуваат со поддршка, како за нашите редовните активности така и во оваа вонредна ситуација. Тие обезбедија финансиски средства со кои се купија 350 семејни пакети со прехрамбени производи. Пакетите преку нашата мрежа на професиналци и волонтери на Црвен крст на град Скопје и 5-те Општински организации на Црвен крст во Скопје, ќе се дистрибуираат до социјално загрозени и ранливи граѓани со цел намалување на ранливоста во овој период.
Благодарност до целиот тим на Француска амбасада за придонесот во хуманитарните активности на Црвен крст.