2021-09-03
Поддршка на најранливите
Црвен крст на град Скопје даде поддршка на здружението на граѓани за социјален и економски развој ИН ВИВО Скопје кои произведуваат био разградлив хумус. Дел од корисниците кои ги користат услугите на Пунктот на бездомници, се дел од овој процес на производство и продажба. Проектот придонесува за ублажување на економските последицитепредизвикани од пандемијата со Ковид 19, а обезбедува и можност за одржлива (ре)интеграција на лицата во потреба.