Поддршка на корисниците
На 16 јануари 2020 година, корисниците и вработените од новоотворениот Дневен центар за интелектуална попреченост над 18 години “Пролет”, го посетија градоначалникот на Општина Центар, г. Саша Богдановиќ.
Го запознаа градоначалникот со програмските активности на центарот, како и за посебните креативни работилници кои имаат за цел поголема социјализација и интеграција на корисниците во општеството.
На големо задоволство на корисниците, преку видео повик градоначалникот го контактираше кошаркарот Перо Антиќ, кој им посака добредојде и успешна понатамошна работа во центарот, а кој вети дека лично ќе го посети центарот и корисниците.
Дневниот Центар “Пролет” активно работи секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот, со локација на ул. Пролет бр. 39, до Веро Џамбо.