2021-06-04
Поддршка на Клиниките во Скопје
Црвен крст на град Скопје во соработка со 5-те Општински организации во Скопје од сопствените буџети донираше 500.000 денари за набавка на медицинска опрема за Kлиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) и Клиниките кои во изминатиот период беа ковид центри во рамки на Клиничкиот центар во Скопје.
Продолжува поддршката од страна на Црвен крст на Град Скопје на Министерство за здравство, преку проектите “Водич во болница”, процесот за имунизација во кој се вклучени 60 волонтери oд Скопје, доставување на онколошки, метадонски и хронични терапии за пациентите во сите градови низ државата.
Заедно сме посилни.