2020-03-30
Поддршка и бегалците и мигрантите
Следејќи ги препораките на СЗО за превенција и контрола на КОВИД-19, Мобилните тимови при Црвен крст на град Скопје распоредени на северната граница, деноноќно работат со ранливата група на бегалци и мигранти во движење, со цел навремено да се воспостави заштита од ширење на заразни болести и заштита на локалното население.
Медицинските тимови се опремени со високозаштитна опрема и се обучени строго да ги почитуваат и да ги применуваат одредбите за иницијална тријажа, превенција и ширење на КОВИД – 19.