Почеток на обука за негуватели на стари и немоќни лица во рамките на проектот: Зголемување на вработливоста на жени-ромки во град Скопје
На 21.08.2019 во просториите на Црвениот крст на Република Македонија беше реализирана првата средба со избраните учесници на новата обука за негуватели на стари и немоќни лица. Обуката се одвива во рамките на проектот- Зголемување на вработливоста на жени Ромки во град Скопје поддржан од страна на граѓанското здружение ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување преку Програмата за регрантирање во рамките на ЕУ проектот-Отвораме можности. Обуката ќе трае четири месеци, а десет лица ќе имаат можност да се стекнат со сертификат за негувател/ка на стари и немоќни лица. На средбата беа дадени насоки за идните активности, детали за програмата, како и корисни информации за текот на обуката. На истата присуствуваа 12 лица, меѓу кои претставник од здружението ХЕРА, стручната служба на Црвениот крст на град Скопје како и дел од избраните учесници за обуката која следи.