Пребарувај по датум:
2011-03-22

ПЛАНИНСКИТЕ СПАСИТЕЛИ ВО АКЦИЈА

Минатиот викенд на Водно, дежурните планински спасители имаа полни раце работа.

Интервенираа на неколку повредени, меѓу кои имаше и една девојка која при пад ја скршила ногата. Благодарение на нашите спасители, на нивната брза и стручна интервенција на девојката и беше укажана прва помош и потоа беше пратена во Ургентниот центар на понатамошен третман.

Волонтерка од Чешка ја поттикнува креативноста на децата бегалци во центарот во шутка
Published on 23-03-2011 Email To Friend Print Version

Од неодамна во Центарот за образование и поддршка на бегалците и барателите на азил во Шуто Оризари се приклучи и една волонтерка од Чешка.

Таа е социјален работик, а со своето волонтирање ја збогатува и проширува работата на Центарот. Така, на 16 март 2011 година, среда, таа одржа креативна работилница со природни материјали.
Поточно, изработка на ланчиња и украси од камчиња. Децата од Игралната и Едукативниот центар активно се вклучија во изработката. На камчињата секој по своја желба пишуваше некоја порака или цртеж.
Заради интересот на децата, таа и понатака активно ќе се вклучува во работата на Центарот со свои нови активности.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.