2019-11-29
План за 2020 година
Во текот на 2019 година, 45 лица, волонтери и професионалци, во рамките на програмата за збратимување и соработка со Црвен крст Телемарк-Норвешка имаа можност да ја посетат Македонија или Норвешка. Посетите подразбираат размена на искуства, добри практики, знаења како и можности за подобрување и усовршување на одредени програми. Минатиот викенд беше реализирана работилница на која се договараа активностите како и временската рамка за имплементација на истите за 2020 година. Во рамки на оваа работилница, се презентираше моделот „Водач во болница“ кој се имплементира во двете земји.
Меморандумот за соработка и збратумување со Телемарк, е потпишан во 2016 година од двете страни и е во време траење од 5 години.