2018-11-14
ПЛАКЕТА ЗА ДОЛГОГОДИШНА И УСПЕШНА СОРАБОТКА ЗА ЦРВЕН КРСТ НА ГРАД СКОПЈЕ
Црвен крст на град Скопје е добитник на плакета од страна на ЈЗУ Геронтолошки Завод ,,13 Ноември“ Скопје за долгогодишна и успешна соработка. Двете институции развиваат бројни активности и меѓусебна институционална поддршка низ годините, а со цел поддршка на лицата во трето доба и ранливото население. Плакетата беше доделена по повод 60 годишниот јубилек на ЈЗУ Геронтолошки Завод ,,13 Ноември“ Скопје.