Пребарувај по датум:
2008-06-06

Пинг понг турнир за средношколци

Во рамки на акцијата За посреќно детство на 7 јуни (сабота) 2008, во спортската сала на ОУ 11 Октомври  , се одржа пинг- понг турнир на кој учествуваа средношколци од неколку училишта на територија на град Скопје.

Турнирот беше организиран во соработка со Пингпонгарската Федерација на РМ, кои комплетно ја покрија логистичката поддршка за истиот.

Првото место на турнирот го освои Иван Ѓуровски и за него, како и за второ и трето освоено место на турнирот, Црвен крст на град Скопје обезбеди награди кои свечено ќе им бидат доделени на музичкиот хепенинг планиран за 14.06.2008 год, (11:00-14:00 часот)  во Градскиот парк на Школка како завршница на камањата.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.