ПХВ тимот подготвен за нови почетоци во 2027 година! ☀️
Од 16 до 18 октомври, во Центарот „Солферино“ во Струга, се одржа подготвителна работилница за ПХВ инструкторите за претстојниот циклус во 2027 година. На работилницата учествуваа 21 инструктор со долгогодишно искуство и значаен придонес во постигнатите резултати во текот на 2026 година.
За време на работилницата беа сумирани досегашните резултати, спроведена евалуација на реализираните активности и поставени основите за успешно спроведување на програмата во наредната година. Се утврди временската рамка за ПХВ циклусот 2027, вклучувајќи ги клучните датуми и периодот за изработка на малите проекти.
Покрај планирањето, тимот на инструктори ги распределени своите улоги и одговорности за претстојниот циклус, создавајќи јасна структура и цврста основа за новите почетоци. По завршувањето на работилницата, ПХВ тимот продолжува понатаму со уште поголема мотивација, нова енергија и подготвеност за предизвиците што претстојат.
