ПХВ подготвителна работилница, 05-07 јуни, Солферино-Струга
Од 5 до 7 јуни, во Центарот Солферино во Струга, се одржа ПХВ подготвителната работилница. На работилницата учествуваа 22 инструктори со искусни и долгогодишни волонтери кои дадоа значаен придонес во прегледувањето и евалуацијата на овогодишните пристигнати ПХВ проекти.
Проектите се евалуираа според однапред утврдени критериуми, преку кои се вреднуваа идејата, акцијата, бројот на волонтерски часови, вклучувањето и анимирањето на заедницата, промоцијата на активностите, како и начинот на нивно документирање.
Годинава беа поднесени вкупно 195 мал ПХВ проект, изработени од 1.163 младинци. Оваа бројка претставува рекорд во изминатите десет години. Проектите беа реализирани во периодот од март до мај 2026 година.
Сите проекти претставуваат инспирација и гордост за нашата младина. Тие уште еднаш покажаа дека се вистински амбасадори на хуманоста и носители на позитивни промени во своите заедници.
По завршувањето на работилницата, тимот е дополнително зајакнат, мотивиран и подготвен за нови предизвици.
