ПХВ недела
Секоја година од 21 до 27 септември се одбележува ПХВ неделата која има за цел промоција на мир, толеранција, соживот и ненесилство. Оваа година ќе организираме трибина на која ќе се зборува за булингот, за насилството во училиштето, видиливо и скриено, ќе треба да се стави акцент на постоење на истото и начините на кои може да се превенира, стопира и изолира.
На трибината ќе треба да се вклучат учениците, родители, наставници и задолжително училишен психолог или психолог волонтер на организацијата.
Ние како претставници на Црвениот крст ќе го промовираме позитивното однесување, волонтирање и корисно поминато време, како за себе така и во/за заедницата.
На крај на трибината ќе бидат пуштени кратките филмчиња изработени од страна на волонтерите од ПХВ циклус 2023 година. Младите кои ги изработувале проектите ќе имаат можност да го раскажат своето позитивно искуство како волонтери!