2026-04-20
ПХВ менторска средба
На 7 април се одржа редовна ПХВ менторска средба, чија цел беше споделување на предизвиците, статистиките и искуствата од терен. Менторите континуирано одржуваат средби со
ПХВ дисеминаторите и им обезбедуваат поддршка во текот на реализацијата на малите проекти, користејќи различни комуникациски канали.
Средбата послужи и како потсетник дека четвртиот извештај од страна на дисеминаторите треба да се достави најдоцна до 27 април 2026 година.

