ПХВ финална работилница-2018 година
Изминатиот викенд, 11 до 13 мај, во Тренинг центарот Солферино- Струга се одржа ПХВ финална работилница. 54 младинци, 8 дисеминатории 8 инструктори работеа на претставување на малите проекти сработени во текот на овогодинешниот ПХВ циклус. Младите имаа можност меѓусебно да се запознаат, да работат на темата култура како систем од вредности како и промоција на активностите на Црвениот крст. На оваа работилница, младите исто така добија насоки за спроведување на активностите во рамките на ПХВ неделата. На работилницата присуствуваа и двајца гости, еден волонтер од Дневен центар за лица со оштетен вид и еден претставник од организацијата “Ајде Македонијо” и истите имаа можности да го видат начинот на мобилизирање, регрутирање и мотивација на волонтерите.
Младите за време на работилницата подготвија ТВ шоу во склоп на кое се организираше трибина преку која се презентираа проектите, се подготви невербална драма која имаше за цел да ги претстави обуките и активностите на терен-изработување на малите проекти и се сними филм за финалната работилница. Преку вежбата “Племиња” младите поделени во групи, имаа можност да создаваат сопствена култура и истата да ја презентираат, додека пак преку вежбата “Човече не лути се” се натпреваруваа во своите знаења за Црвениот крст. Со многу позитивна енергија и во многу пријатна атмосфера се реализираа целите на самата работилница. ПХВ програмата претставува алатка за регрутирање и задржување на волонтерите во редовите на клубовите на млади во секој град.