Пребарувај по датум:
2017-10-04

Петта Чиконг работилница и прва ликовна колонија

Петта Чиконг работилница и прва ликовна колонија

на Дневниот центар за стари лица

 

Во период од 25-28.09.2017г. во едукативниот и рекреативен центар „Солферино” во Струга се реализираше петта Чиконг работилница и прва ликовна колонија. На работилницата учествуваа 30 корисници од „Дневниот центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови” .

Работилницата е реализирана со цел да се усогласи, фокусира и посвети групата само на подобрување на техниките на вежбање Чи Конг, да се усоврши техниката на цртање кај корисниците кои се дел од слиакарската работилница и секако сите тие да се наградат и мотивираат и социјализираат. Чиконг активноста и сликарската работилница се едни од најважните континуирани активности на дневниот центар за стари лица и во овие активности активно партиципираат 88 корисници под менторство на тренер Роже Доан Ван Хај и проф. д-р Стојче Тоциновски. Со учеството во овие активности лицата во трето доба го подобруваат нивното психофизичко здравје, виталноста, се социјализираат, остваруваат меѓугенерациска соработка и го практикуваат активното стареење.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.