Петта Чи конг работилница на Дневниот центар за стари лица
Во период од 22-25.10.2018г. во едукативниот и рекреативен центар „Солферино” во Струга се реализираше петта Чи конг работилница. На работилницата учествуваа 15 корисници од дневниот центар за стари лица. Работилницата е реализирана со цел да се усогласи, фокусира и посвети само на подобрување на техниката на вежбање Чи конг, да се мотивираат старите лица за понатамошно вежбање и социјализираат. Чи конг активноста е една од најважните континуирани активности на дневниот центар за стари лица и партиципираат 104 корисници под менторство на тренер и волонтер Роже Доан Ван Хај. Со учество во оваа активност лицата во трето доба го подобруваат нивнот физичко и ментално здравје, се социјализираат, го практикуваат активното стареење и заедничко дружење.