ПЕКАБЕСКО ДОНИРАШЕ ПАКЕТИ СО ХРАНА ЗА СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИ СЕМЕЈСТВА
Црвениот крст на град Скопје во месец февруари по втор пат организираше дистрибуција на 30 пакети со прехрамбени прозиводи на компанијата Пекабеско. Истите се обезбедија во рамки на фејсбук кампањата на Пекабеско “Секој твој лајк помага“.
Дистрибуцијата се одржа во просториите на Даре Џамбаз, каде што дојдоа 26 семејства во ризик за да ги подигнат своите донации, а дел од дистрибуцијата беше реализирана на терен, односно беа посетени 4 семејства во нивните домови каде што им беа донирани пакети со храна од тимот на Пекабеско.
Од компанијата велат дека оваа акција е одлично прифатена од Facebook заедницата и ќе продолжи да се спроведува и во иднина. Тие се надеваат дека оваа континуирана општествено одговорна акција на Пекабеско ќе биде поттик и за други компании да иницираат активности со кои ќе помогнат на заедницата кога тоа е најпотребно.