Пребарувај по датум:
2014-06-26

Пехари за најуспешните – Црвен крст во Акција-Промоција на хумани вредности

По шести пат во рамките на ЦКА ПХВ програмата традиционално се додели пехар за онаа Општинска организација/организации чији младинци сработиле најмногу мали проекти оценети сo фаза сонце за изминатиот циклус.

Ова година тоа беа две Општински организации, Охрид и Неготино. Ова година се организираше и централен настан на кој присуствуваше амбасадорот на САД во РМ, г. Пол Волерс бидејќи програматата оваa година доби поддршка од страна на Aмбасадата на САД во РМ. Присуствуваше и г-а Валери Колби советник за односи со јавноста, со која пред неколку месеци ја започнавме нашата ПХВ приказна. На настанот исто така присуствуваше и Генералниот секретар на ЦКРМ, кој имаше и свое пригодно обрачање пред присутните. Настанот се одджа во Црвениот крст на Република Македонија на 24 јуни (вторник) со почеток во 11.30 часот и на истиот присуствуваа и дел од општинските организации кои се добитници на дипломи за изработени проекти оценети со фаза сонце: Куманово, Чаир, Центар, Град Скопје, Клуб на млади на Црвен крст-Шуто Оризари, голем број на медиуми, младинци, секретари, стручни соработници… На 25 јуни (среда) доделувањето на пехар се случи во Неготино, во големата сала во општината со почеток во 11:00 часот. На истата присуствуваше градоначалникот на Неготино, претседателот на Општинската организација, секретареот, младинци, родители, дел од целните групи, професори, медиуми…Присуствуваа и претставници на ООЦК Кочани, Крушево и Струмица кои добија дипломи и гости од ООЦК Валандово. А пак на 26 јуни (четврток) во големата сала во општината со почеток во 11:00 часот се оддржа доделување на пехар во Охрид. Во писуство на градоначалникот на Охрид, советниците од општината, Претседателот на ООЦК Охрид, секратарот, младинци, дисеминатори, медиуми, целни групи, професори…им беше врачен пехарот на ова група на млади ентузијасти. Со благодарници се закитија и ООЦК Струга, Битола и Гостивар. Честитки до сите и за сработеното на терен. Веќе сме во подготовки за ПХВ неделата. 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.