Пребарувај по датум:
2022-10-18

Пехар за Црвен крст Охрид

Во рамките на ПХВ програмата, на 17 октомври во Охрид, на Црвен крст Охрид му беше врачена награда за освоено прво место и Пехар за постигнати најдобри резултати во овогодинешната ПХВ програма. Второто место му припадна на Црвен крст Струмица, а трето место на Црвен крст Центар. Од вкупно 120 мали изработени проекти, овие три локални организации на Црвен крст покажаа најдобри резултати.

Сите 800 вклучени младинци вложија повеќе од 25.000 волонтерски часови и покажаа дека се лидери во хуманоста. Правеа лулашки за лица со посеби потреби, градеа куќи, садеа дрвја, реновираа соби, правеа паркови со клупи за дружење, работеа на интеркултурни проекти, собираа пари за различни операции….го олеснуваа секојдневието, помагаа и менуваа животи на подобро.

Тие ја сменија својата дневна рутина, излегоа од својата комфорна зона и станаа подобра верзија од самите себеси.

Честитки за сите вклучени во овогодишниот ПХВ циклус за постигнати резултати на локално а со тоа и на национално ниво.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.