2017-07-17
Пехар во рамките на ЦКА-ПХВ програма-2017 година
Се оддржа 7-ма по ред манифестација-ПХВ пехар, кој има за цел промоција на програмата и на младите од онаа Општинска организација на Црвен крст који што изработиле најголем број на проекти оценети со сонце.
Оваа година беа изработени 173 мали проекти од кои 26 беа оценети со фаза сонце, а овогодинешните добитници на ПХВ Пехар се општинските организации на Црвен крст Гостивар, Куманово и Карпош.
Во преполна сала во Музејот на град Скопје беа врачени покрај пехарите и благодарници за оние организации кои изработиле мали проекти кои направиле трајни промени во заедницата.
Честитки за сите кои беа дел од овогодишната програма.