Пребарувај по датум:
2020-04-02

Партнери во поддршка

Фондацијата Отворено Општество Македонија обезбеди 1.900 пакети храна и 1.900 пакети хигиена , кои се наменети за ранливи целни категории-лица  во Шуто Оризари, во Тетово, Куманово, Гостивар, Прилеп, Битола, Делчево, Виница и Пехчево.  Дистрибуцијата низ градовите ќе се одвива преку Општинските Организации на Црвен крст во соработка со партнерите на Фондацијата,  Ириз, Романо Чачипе, Сонце, НРЦ Куманово, Станица ПЕТ, KXAM. Истата е планирана да започне на 03 април и да заврши на 10 април.

Благодарност за придонесот во хуманитарните активности на Црвениот крст со што директно се намалува ранливоста на нашите граѓани.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.