Пребарувај по датум:
2012-12-17

Пакети за деца од улица

20 деца од улица и нивни семејства примија пакети со храна која беше собрана во соработка со Американската амбасада.

Се подготви пригоден настан во кој Амбасадорот на САД во Р.Македонија г. Пол Волерс лично им ги врачи пакетите на најмалите, а тиа ги испеаа песничките кои ги учат од наставничките од дневниот центар за Деца на улица Шуто Оризари.

Храната беше собрана на 10 септември по повод одбележување на трагичниот настан од 2001 година во Америка. На овој датум традиционално Црвен крст на град Скопје организира крводарителска и собирна прехрамбена акција во просториите и со поддршка на амбасадата.
Цела низа на собирни акции продолжија во рамките на кампањата Ден на гладта која во Скопје се реализира во период од еден месец во соработка со Општинските Организации на Црвен крст на територија на градот Скопје.
Во месец декември се врши дистрибуција на храната за различни целни групи вклучувајќи ги старите и изнемоштените лица особено од рурални средини, деца на улица, деца со посебни потреби, самохрани мајки….

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.