2016-03-02
ПАКЕТИ СО ХРАНА И ХИГИЕНА ЗА СТАРИТЕ ЛИЦА КОИ СЕ ПОСЕТУВААТ ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ
Проект: „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“
Во периодот од 19 февруари до 1 март, на територијата на општините Сарај, Чаир, Шуто Оризари, Бутел, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Центар и Карпош, беа делени 57 пакети со храна и хигиена за социјално загрозените корисници во домашни услови од проектот „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“.
Дистрибуцијата беше реализирана на терен, односно секој пакет беше директно дистрибуиран до домот на секој корисник. Ваквиот тип на помош беше особено значаен за новите корисници од општината Сарај, кои живеат во исклучително тешки услови.