Пребарувај по датум:
2010-11-17

Отворено прифатилиште во Пунктот за бездомници во Момин поток

Кревет за привермено згрижување ќе можат да добијат бездомниците во ново отвореното Прифатилиште за бездомници кое на  17 Ноември беше пуштено во употреба од страна на Гренералниот секретар на Црвен крст на Р.Македонија, Саит Саити и Градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски.

Прифатилиштето ќе функционира во рамки на постоечкиот Пункт за бездомници во Момин поток кој е прв и единствен во земјата и обезбедува услуги за бездомниците повеќе од две години. Истиот е отворен понеделник кога бездомниците добиваат хигиенски услуги и петок кога добиваат и чисти алишта, лекарски преглед и неопходни лекарства, разговор и совети од психолог, оброк и топол напиток. Транспортот на корисниците на услуги на пунктот се обезбедува од страна на Црвениот крст од неколку локации во градот и по добиените услуги се враќаат повторно на истата локација.

Во периодот од две години може да се заклучи дека поголемиот дел од овие лица немаат здравствено осигурување, боледуваат од хронични болести (белодробни заболувања, зголемен крвен притисок и заболувања на срцето и крвотокот, кожни заболувања). Тимот на Црвениот крст обезбеди 4 хируршки интервенции на овие лица во болниците во Клиничкиот центар во Скопје.

Работата со нив во изминатиот период укажа на потребата од место за прифат за бездомниците кои поради здравствени и/или психосоцијални потреби  неопходно е да добијат и привремено згрижување до надминување на состојбата.

За таа цел со финансиска поддршка од Градот Скопјe (1 400 000,00 денари) се зголемија капацитетите на пунктот за 60 м2, со тоа што новиот простор  опремен сo кревети, тоалет, чајна кујна и други неопходни средства за функционирање на истиот ќе одговори на потребите на овие лица.

На отварањето присуствуваше и амбасадорот на Словенија, Брајан Бергант кој  во името на група словенечки компании донираше чек од 4 000 Евра за подобрување на условите на прифатилиштето.

 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.