2020-10-19
Отворен Дневниот центар “Пролет”
Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост над 18-годишна возраст „Пролет“ на Црвениот крст на Град Скопје за корисниците ќе биде повторно отворен од денеска, 19 октомври (понеделник). Дневниот центар ќе се придржува до протоколите и мерките дадени од страна на Министерството за здравство.
Родителите ќе ги оставаат своите деца пред влезната врата, од каде вработените и волонтерите ги превземаат корисниците. При влез ќе им се мери температура, ќе се врши дезинфекција на раце а при престојот внатре ќе се користат хируршки калци на чевлите. Вработените и волонтерите ќе носаат маска или визир за цело време во просториите на центарот.