Отворање на Центарот за прва помош во Скопје
Денес (09 март), свечено се отвори новиот Центар за прва помош на Црвен крст. Тој претставува концентрирана форма за едукации и обуки на територија на град Скопје, кои претходно се вршеа во рамки на Црвен крст Центар, Црвен крст Кисела Вода, Црвен крст Карпош, Црвен крст Чаир и Црвен крст Гази Баба.
Отворањето беше во присуство на министерот за внатрешни работи г.Оливер Спасовски, генералниот секретар на ЦКРСМ г.Саит Саити, претседателот на ЦКРСМ г. Ромел Велев и секретарот на Црвен крст на град Скопје г-ѓа Сузана Тунева Пауновска.
Центарот располага со 5 предавални и капацитет 60 лица во ист момент да следат обука, односно 120 лица на дневна основа кои би посетувале некоја од погоре наведените обуки. Во услови на КОВИД 19 обуките се реализираат со почитување на пропишаните мерки за заштита.
За реализација на обуките на располагање се 27 доктори–предавачи, кои се задолжени за стручно предавање и едуцирање и 18 демонстратори–парамедици, кои се задолжени за практичниот дел.
Во рамки на Центарот се реализираат обуки за Прва помош за возачи, Прва помош за правни лица – работни организации, Прва помош за лица кои управуваат со пловни објекти и Прва помош за физички лица.
Работно време на Центарот е од понеделник до петок од 08:00 до 20:00 часот.
Обуките се рализираат во 2 термина во текот на денот и тоа 09:00-12:30 и 16:30 – 20:00 часот.
Пријавувањето можете да го извршите во просториите на Центарот на ул. 11 Октомври 40-мезанин, на тел: 072/208-456 и 072/208-529, и на маил skopje.prvapomos@redcross.org.mk.