Пребарувај по датум:
2008-07-26

ОСПОСОБУВАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ ТИМОВИ ЗА ОДГОВОР ПРИ КАТАСТРОФИ

Црвениот крст на град Скопје посебно внимание посветува на оспособеноста на организацијата за дејствување при катастрофи.

Во таа смисла покрај редовните активности, минатата година покрена иницијатива да во соработка со општинските организации на Црвен крст од Скопје се формираат  5 тима за одговор при катастрофи.

Во едукативниот центар Солферино во Струга од 27 до 29 јуни 2008 год. се одржа тренинг семинар на кај учествуваше и ЕОК на ЦКРМ. Сите 80 учесници беа сместени во специјално изградена шаторска населба и активирана полската кујна каде се приготвуваше храна за учесниците.
Во текот на семинарот теоретски и практично беа обработени следните теми:

• Местото и улогата на Црвениот крст во Законот за заштита и спасување
• Како да се заштитиме од климатските промени
• Проценка и камп менанџмент ( вежба-сценарио поплава во струшкиот регион – теренски активности, проценка на загрозеноста на регионот и загрозеното ранливо население)
• Презентација на направената проценка и план за акција
• Укажување на прва помош

Последниот ден тимовите на ЕОК на ЦКРМ по однапред подготвено сценарио прикажаа активности: извлекување на повредени  преку жичара со маринер од зграда која е зафатена од пожар, медицинскиот тим ги прифаќаше и укажуваше прва помош, а тимот за спасување на вода по воден пат ги транспортираше повредените до Охридската болница. Момците од овој тим патем спасија и 2 давеници кои во паника од пожарот избегале кон езерото. И тимот за вода и санитација демонстрираше активности од својата област. Соработката со одделот за катастрофи при ЦКРМ беше од голема важност и корист за споведување на вежбата.

 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.