2026-07-23
Основи по Прва помош
Во Центарот за лица со интелектуална попреченост ,,Пролет” се одржа едукативна средба за запознавање со основите на првата помош
Корисниците со голем интерес активно се вклучуваа, споделуваа свои знаења, искуства и поставуваа прашања, придонесувајќи за пријатна и интерактивна атмосфера.
Искрена благодарност до д-р Емилија Чутановска за издвоеното време, посветеноста и вниманието што им го подари на корисниците на оваа корисна и интересна активност
