Осма ЦКА-ПХВ онлајн работилница
На 11.03.2021 се оддржа осма ЦКА-ПХВ онлајн работилница со наслов „ Дигитална комуникација и комуникација на социјални мрежи “. Истата беше реализирана од ПХВ инструкторот @Vjosa Ismaili.
Преку работилницата учесниците се запознаа со терминот дигитален отпечаток, нашето позитивното влијание на социјалните медиуми и неговата важност и многу други интересни и корисни нешта.
Учествуваа 110 учесници, волонтери од различни ООЦК. Од присутните кои ги пополнија евалуациите, 83% се изјаснија дека работилницата е многу корисна, 86% дека е интерактивна, и 83% се изјаснија дека работилницата е интересна. Сите, односно 100% би ја препорачале работилницата на своите врсници.
Некои од коментарите се: „Бев многу импресионирана, супер примери”, “Севкупно ПХВ е проект со бескрајно преубави идеи“ ,“Одлична работилница, супер тема, а најмногу од се ми се допадна полот (квизот) што го правевме!“ “Мислам дека ова е тема за која не се зборува често,а навистина е важна-Благодарам Вјоса “.
Продолжуваме заедно!