Пребарувај по датум:
2026-06-15

ОСКАРИ НА ХУМАНОСТА

Со голема чест и гордост ја реализиравме овогодинешната манифестација „Оскар на хуманоста“ во организација на Црвен крст на град Скопје – настан посветен на оние кои преку својата хуманост, солидарност и несебична поддршка оставаат трајна позитивна трага во заедницата.

Ова признание е израз на искрена благодарност кон поединците, институциите и компаниите кои хуманоста ја претвораат во секојдневно дело преку поддршка на активностите и програмите на Црвен крст Скопје и 5-те Општински организации на Црвен крст на територија на град Скопје.

„Оскарот на хуманоста“ не е само награда, туку порака дека добрината има моќ да инспирира, да обединува и да создава подобро општество за сите.

Продолжуваме да ги негуваме вредностите насолидарноста, хуманоста и меѓусебната поддршка, заедно со нашите партнери и пријатели, во служба на најранливите категории граѓани.

Честитки до наградените, позитивен пример во нашата заедница:

  1. Клубот на крводарители при Црвениот крст на град Скопје
  2. ТАВ Македонија
  3. Сава пензиско друштво
  4. ИТЕК СИСТЕМС ДООЕЛ
  5. Снежана Конеска Руси
  6. Марко Новески
  7. Тина Мицковска
  8. Билјана Сарагинова Панчевска
  9. Андреј Рајатоски “ Градинарот”
  10. Стопанска банка А.Д. Скопје
  11. Македонско радио
  12. Независниот синдикат на одбраната
  13. ООУ ,,Лазо Ангеловски”
  14. The Coca-Cola Company

како и до водителката на настанот Снеже Велков, како и до Сања Здјелар и бендот „Допамин“ кои го збогатија ова случување.  Благодарност до Рагуза груп/Ragusa Group за отстапениот простори и целокупната поддршка.



Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.