Пребарувај по датум:
2023-05-10

Оскар на хуманоста

Во склоп на одбележување на 8 Мај- Светски ден на Црвен крст и Црвена полумесечина, организирана беше манифестацијата ОСКАР НА ХУМАНОСТА, како иницијатива на Црвен крст на град Скопје- оддел млади. Во прекрасното опкружување на ресторант Парк- weddings and events, доделени беа признанија за наши партнери, поддржувачи од корпоративниот сектор, но и на поединци кои со својата лична ангажираност многупати покажеле дека тие се оние кои прават позитивни промени во заедницата, преку нивната хуманитарна заложба. Преку оваа манифестација, пренесовме позитивна порака за мисијата на Црвениот крст, волонтеризмот и личните позитивни примери кои доаѓаат од различни личности и општествено одговорни субјекти со влијание во заедницата. Настанот беше збогатен со музички дел.

На настанот кој се реализираше на 9 мај, оскари на хуманоста беа доделени на:

Пекабеско АД Скопје-за континуирана поддршка на социјално ранливи лица и поддршка на работењето на Пунктот за бездомници на Црвен крст

ДАУТИ КОМЕРЦ– за поддршка  на функционирањето на Дневниот центар за стари лица и центарот за грижа кон стари и немоќни лица во домашни услови на територија на општина Сарај и грижа за ранливите категории граѓани во нашата заедница

АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ– општествено одговорна компанија која го поддржува работењето на Дневниот центар за дарување крв на Црвен крст, како и континуирана поддршка на активностите на Црвен крст

СКОПЈЕ МЕРИОТ ХОТЕЛ поддршка на хуманитарните активности на Црвениот крст и корисниците со кои работиме

КФЦ– помош на различни целни групи кои имаат потреба од поддршка

Државна лотарија на Македонија – поддршка на ранливи категории население и ублажување на нивните потреби

Raguza group– поддржувачи и помагатели во реализација на активностите и програмите на Црвен крст

Град Скопје – стратешко партнерство, поддршка на активностите за ублажување на потребите и барањата на населението во нашиот град

Зоолошка градина, Скопје – соработник и поддржувач на Црвениот крст

Специјалната болница Др. Жан Митрев –поддршка во реализација на здравствено превентивните активности на Црвениот крст

Училишен клуб за едукација и превенција на Црвен крст, СУГС Цветан Димов– позитивен пример за младинска и волонтерска ангажираност

Синиша Зукиќ, Јана Спирковска и Маријана Станојковска поддршка во реализација на јавни настани

Благодарници за соработниците и поддржувачите: Ана Петановска, Васил Ангелов, Александар Спасенцовски, Сања Здјелар, Стефан Неделковски, Марјан Наковски, Ангела Спировска, Андреј Димоски, DJ BABURA JUNIOR и  Uzunov sound.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.